САД ја повикаа Северна Кореја да го ослободи Американецот од корејско потекло, 44-годишниот организатор на туристички тури Кенет Баи, осуден на 15 години тешка робија за, како што наведуваат властите во Пјонгјанг, непријателски дејствија против државата. Тој беше уапсен во ноември минатата година.
„Ја повикуваме Северна Кореја да го амнестира и веднаш да го ослободи“, рече портпаролот на Стејт департментот Патрик Вентрел
Според државната севернокорејска новинска агенција, Врховниот суд ја изрекол казната на Баи вторникот. Властите во земјата претходно соопштија дека тој признал дека имал намера да ја сруши власта.
Вентрел, пак, изјави дека ситуацијата е нејасна: „Во случајот нема транспарентност. Загрижени сме за транспарентноста и законскиот процес во Северна Кореја и сметаме дека треба да биде ослободен“.
И пријателите на Баи од студентските денови започнаа кампања за негово ослободување.