Линкови за пристапност

Северна Кореја се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД


Тврди чекорот бил нужен бидејќи „САД се подготвуваат да разгорат нуклеарна војна“.

Северна Кореја се закани со превентивен нуклеарен напад врз САД, во време кога Советот за безбедност на ОН се подготвува да одобри нови строги санкции поради неодамнешниот нуклеарен тест на официјален Пјонгјанг.

Севернокорејското Министерство за надворешни работи истакна дека земјата би го употребила своето „право на превентивен нуклеарен напад против седиштето на агресорот“. Во соопштението се додава дека чекорот бил нужен бидејќи „САД се подготвуваат да разгорат нуклеарна војна“.

Северна Кореја неодамна забележа напредок во своите нуклеарни и ракетни програми, но не се верува дека е способна да лансира ракета од долг домет со нуклеарна боева глава. Земјата по обичај дава воинствени изјави кога на Корејскиот Полустров владее напнатост.

Најновата закана беше упатена на само неколку часа пред Советот за безбедност на ОН да гласа за нацрт-резилуцијата, изготвена од САД, со која на сила би стапиле досега најстрогите санкции на Светската организација.
XS
SM
MD
LG