Дипломати во ОН нации велат дека САД и Кина постигнале начелен договор за нови санкии против Северна Кореја поради неодамнешното нуклеарно тестирање извршено во земјата. Официјален Пјонгјанг, пак, се закани дека ќе го отфрли примирјето што стави крај на Корејската војна.
Советот за безбедност на ОН денес одржува консултации зад затворени врати за Северна Кореја. Дипломати во ОН наведуваат дека гласањето за предлог-резолуцијата би требало да се одржи до крајот на неделава. Се` уште не се познати нејзините детали.
Советот речиси едногласно го осуди нуклеарното тестирање на 12-ти февруари како „тешко прекршување“ на постојните санкции на ОН против нуклеарните и ракетни програми на Северна Кореја. Властите во Пјонгјанг соопштија дека тестирањето - трето по ред и досега најмоќно - било насочено кон, како што наведоа, „смртниот непријател“, САД.
Северна Кореја денес ја заостри реториката, заканувајќи се дека ќе го орфли примирјето со Јужна Кореја од 1953-та година доколку официјален Сеул, како што планира, спроведе воена вежба со САД. Врховната команда на Народната армија на Северна Кореја предупреди на „хируршки прецизни напади“ наменети за обединување на поделениот Корејски Полустров.
Земјата и порано има упатувано слични, иако не вака воинствени закани пред редовните, годишни заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја.