Линкови за пристапност

Факти: Како се развиваше севернокорејското нуклеарно прашање?


Факти: Како се развиваше севернокорејското нуклеарно прашање?
Факти: Како се развиваше севернокорејското нуклеарно прашање?

Американските и севернокорејските дипломати се среќаваат во четврток во Њујорк, во обид да се оживеат шестстраните разговори за завршување на програмите за нуклеарно оружје на Северна Кореја. Следи фактички преглед на историјата на нуклеарните програми на Северот и напорите на меѓународната заедница истите да ги запрат:

1985: Северна Кореја се приклучи на Договорот за нуклеарна непролиферација како држава што нема нуклеарно оружје.

1990: Северна и Јужна Кореја започнаа разговори за нуклеарно оружје.

1992: Разговорите резултираа во Заедничка декларација за Корејски полуостров без нуклеарно оружје.

1993: Северна Кореја одбива да имплементира договор склучен со Меѓународната агенција за атомска енергија за инспекција на нуклеарните објекти на Северот, и вели дека ќе се повлече од Договорот за нуклеарна непролиферација. Во мај, Резолуцијата 825 на Советот за безбедност на ОН ја поттикнува Северна Кореја да соработува со Атомската агенција и да ја имплементира изјавата за денуклеаризација на Северот и Југот. САД отвораат разговори со Пјонгјанг во јуни за прекин на програмите за нуклеарно оружје.

1994: Вашингтон и Пјонгјанг објавија Рамковна спогодба, која бара Северна Кореја да ја замрзне својата постоечка нуклеарна програма и да дозволи мониторинг од агенцијата. САД ќе ги заменат реакторите со графит со реактори за лесна вода, со финансирање од меѓународниот конзорциум (KEDO) и на Северна Кореја ќе и` обезбедат гориво додека не биде изграден првиот реактор. Двете страни се согласиле да се движат кон нормализирање на дипломатските односи.

1995: САД ги олеснија економските санкции против Пјонгјанг откако Северна Кореја ја замрзна својата нуклеарна програма.

1997: KEDO ја започнува работата на локацијата за проектот со реактори на лесна вода.

2002: Во октомври, американската делегација се конфронтира со Северна Кореја по докази дека Пјонгјанг води тајна програма за збогатување на ураниум, прекршувајќи ги обврските спрема Атомската агенција на ОН и договорите со Јужна Кореја и САД. Претставници на Северна Кореја индицираат дека имаат таква програма, но Вашингтон инсистира дека Северот мора да ја прекинне програмата за да се обезбеди продолжувањето на дипломатското затоплување. KEDO ги суспендира пратките на гориво и Северна Кореја вели дека го прекинува замрзнувањето на своите постари нуклеарни објекти во Јонгбјон.

2003: Северна Кореја ги протера инспекторите на агенцијата на ОН и продолжува со репроцесирање на потрошеното нуклеарно гориво во Јонгбјон, за да извлече плутониум за употреба во оружје. САД предлагаат мултилатерални разговори по прашањето. Пјонгјанг се согласува да се сретне со со Кина и со САД во април. Во август, Пјонгјанг присуствува на првата рунда од шестпартитни разговори со Кина, Јапонија, Русија, САД и Јужна Кореја.

2004: Во февруари, втората рунда од шестстрани разговори се одржува во Пекинг. Третата рунда се одржува во јуни, но Северна Кореја одбива да присуствува на планираната четврта рунда во септември.

2005: Во февруари Северна Кореја објавува дека поседува нуклеарно оружје и дека за неодредено време го суспендира учеството во шестстраните разговори. Во март, објавува дека е држава што поседува нуклеарно оружје. Четвртата рунда разговори се отвара во јули и на 19-ти септември од разговорите е објавена заедничка изјава дека Северна Кореја ветува да ги напушти програмите за нуклеарно оружје и дека ќе се врати кон Договорот за нуклеарна непролиферација. Другите страни се согласија да обезбедат економска соработка и енергетска помош и дека ќе ги зголемат дипломатските врски. Но, петтата рунда разговори во ноември завршува без заклучок.

2006: Северна Кореја лансира седум балистички проектили во јули, предизвикувајќи широка меѓународна осуда. Советот за безбедност на ОН усвојува Резолуција 1695 барајќи Пјонгјанг да ги суспендира активностите со балистички проектили. Северна Кореја веднаш ја отфрла резолуцијата. Во октомври, Северна Кореја ја тестира својата прва нуклеарна експлозивна направа. Советот за безбедност усвојува Резолуција 1718, со која се осудува Северна Кореја и се поставуваат санкции за одредени луксузни добра и трговија со оружје.

2007: На рунда на шестпартитните разговори во февруари, страните се согласуваат за „Иницијални акции за имплементација на Заедничката изјава“. Северна Кореја се согласува да го затвори и запечати нуклеарниот објект во Јонгбјон во замена за гориво и друга помош. Шестата рунда на шестпартитните разговори се одржува во март. Во јули Северна Кореја го затвора Јонгбјон и започнуваат пратките со гориво до Северот. На септемвриската шестпартитна средба страните се договорија за план Северна Кореја да ги онеспособи своите нуклеарни објекти до крајот на годината.

2008: Северна Кореја дава декларација за своите нуклеарни објекти на Кинезите, во јуни. Во октомври САД и Северна Кореја се договараат за верификациски мерки по нуклеарната декларација на Северот и САД се откажуваат од назнаката за Северна Кореја како држава-спонзор на тероризам.

2009: Во април, Северна Кореја лансира проектил од типот Taepo Dong-2 над Јапонското море, прекршувајќи ја резолуцијата 1718 на Советот за безбедност. Лансирањето предизвикува осуда на советот и барање Северна Кореја да се воздржи од натамошни нуклеарни лансирања. Северна Кореја се повлекува од шестпартитните разговори и ги протерува меѓународните инспектори. На 25-ти мај Северна Кореја тестира втора нуклеарна експлозивна направа. Советот за безбедност ја усвојува Резолуцијата 1874, зголемувајќи ги санкциите спрема Северна Кореја. Во септември, Пјонгјанг соопштува дека има успешна програма за збогатување на ураниум. Во декември, делегација на САД оди во Пјонгјанг на разговори. САД и Северна Кореја се согласуваат за важноста на шестпартитните разговори и потребата од имплементација на Заедничката изјава од 2005, но не се согласуваат за тоа каде и кога Северна Кореја ќе се врати на разговорите.

2010: Северна Кореја се обвинува за потопување на брод на јужнокорејската морнарица, Cheonan, во март. Северот го гранатира Островот на Југот Јеонпјонг, на 23-ти ноември. Инцидентот остава 50 мртви. Јужна Кореја бара извинување пред да оди напред во разговорите со Северна Кореја. Одвоено од ова американскиот нуклеарен научник Сигфрид Хекер посетува нуклеарен објект за збогатување ураниум во Северна Кореја, во ноември, и подоцна кажа дека бил „запрепастен“ од софистицираноста на објектот. Тој рече дека објектот, со повеќе од 1.000 центрифуги, може да биде искористен или за правење на високо збогатен ураниум за нуклеарно оружје, или за експериментален нуклеарен реактор за лесна вода што е во изградба во близина.

XS
SM
MD
LG