Линкови за пристапност

Нобеловите лауреати ќе примат помалку пари


Оваа година добитникот на Нобелова награда ќе прими 20 проценти помалку пари отколку поранешните добитници.

Нобеловата фондација во понеделник соопшти дека ја намалува сумата на 1,12 милион долари заради глобалната економска криза.

Поранешните добитници добиваа 1,4 милион долари.

Капиталот што ја формира базата за наградата е дониран со тестаментот на пронаоѓачот на динамит Алфред Нобел и со него раководи фондацијата, што е востановена во 1900-та.

Нобеловата награда се доделува секоја година за достигнувања во медицина, физика хемија, литература, мир и економија.
XS
SM
MD
LG