Линкови за пристапност

Објавена Нобеловата награда за медицина за 2010


Објавена Нобеловата награда за медицина за 2010
Објавена Нобеловата награда за медицина за 2010

Едвардс својата работа ја започна во `50-те години, а техниката ја усоврши со својот колега Патрик Стептоу кој почина во 1988-та година.

Британскиот научник Роберт Едвардс е добитник на Нобеловата награда за медицина заради неговите достигнувања во процесот на ин- витро оплодувањето.

Комитетот во Шведска соопшти дека Едвардс им помогнал на милиони двојки да се справат со стерилитетот, нарекувајќи ја неговата работа камен темелник во модерната медицина.

Едвардс, кој сега има 85 години, разви процедура со чија помош јајце-клетките можат да се оплодат надвор од човечкото тело и да се имплантираат назад.

Тој својата работа ја започна во `50-те години, а техниката ја усоврши со својот колега Патрик Стептоу кој почина во 1988-та година.

Комитетот за Нобелова награда вели дека преку процедурата се родени околу 4 милиони бебиња. Првото бебе од епрувета беше родено во 1978-та година.

Наградата на Едвардс е во висина од 1,5 милиони долари.

XS
SM
MD
LG