Линкови за пристапност

Двајца добитници на Нобеловата награда за литература


Секој автор ќе добие парична награда од 918.000 американски долари

Полската писателка Олга Токарчук и австрискиот автор Петер Хандке се годинашни добитници на Нобеловата награда за литература.

Наградата не беше доделена минатата година, така што Хандке ја освои наградатаза 2019 година за „влијателната работа која со лингвистичка генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човечкото искуство“ додека Токарчук ја освои наградата за 2018 година „за наративната имагинација која со енциклопедиска страст го претставува надминувањето на границите како форма на живот“.

Секој автор ќе добие парична награда од 918.000 американски долари.

Шведската академија минатата година не прогласи добитник на наградата по обвиненијата за сексуална злоупотреба и други злоупотреби од страна на луѓе поврзани со академијата.

Нобелова награда за мир ќе биде доделена во петок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG