Двајца Американци ја добија годинешната Нобелова награда за економија. Шведската кралска академија на науки и уметности во Стокхолм соопшти дека ги наградила Алвин Рот, професорот по економија на Универзитетот Харвард, и Лојд Шепли, професорот на Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес, за нивниот труд во креирањето на пазарни институции што најефикасно одговараат на различните чинители на пазарот.
Академијата го награди 89-годишниот Шепли за развивање на стабилен процес на спојување на различни лица или организации на пазарот, на начин на кој се ограничува нивната можност да манипулираат еден со друг. Таа го овенча и 60-годишниот Рот за експериментите што покажуваат дека теоријата на Шепли може да го подобри функционирањето на пазарите во пракса.
Академијата наведува дека Рот го искористил истражувањето на Шепли при реструктуирање на постојни институции, спојувајќи доктори со болници, донатори на органи со пациенти, студенти со образовни институции. Двајцата Американци, кои работеле одвоено еден од друг, ќе ја поделат наградата од 1,2 милиони долари за, како што наведува Академијата, „извонредниот пример на економски инженеринг“.