Линкови за пристапност

Мешани реакции по соопштението за Нобеловата награда за мир


Неочекуваниот избор за наградата воодушеви некои, и разочара други

Реакцијата по неочекуваниот избор на Европската унија за Нобеловата награда за мир за 2012 се протега од радост меѓу претставници на унијата до скептицизам кај некои граѓани на европските држави во во економски тешкотии.

Шефицата за надворешни работи на на ЕУ Кетрин Аштон кажа дека е „воодушевена“ за наградата.

Амбасадорот на ЕУ во САД, Жоао Вале де Алмеида, кажа дека ЕУ е благодарна за „незаменливата поддршка“ од САД и и вети дека блокот ќе продолжи блиску да соработува со САД за промоција на мирот, демократијата и просперитетот во светот.

Владите на неколку европски држави објавија соопштенија поздравувајќи ја наградата.

Но некои просечни европски граѓани, со тешкотии заради лошата економија, изразија изненадување и неверување поради изборот, велејќи дека давањето на мировна награда на ЕУ за време на кризата во еврозоната изгледа како лоша шега.

Членот на европскиот парламент и лидер на британската Независна партија, Најџел Фараж кажа дека 27-члениот блок креира сиромаштија, насилство и поделба кај држави на еврозоната, како Шпанија и Грција.

Во Русија, државната Дума изрази изненадување по одлуката, велејќи дека наградата не можела да биде дадена на владините структури, туку на поединци или јавни организации за нивната храброст или пионерска работа.
XS
SM
MD
LG