Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд, се урна во водите на реката Патапско, откако товарен брод по име Дали удри во столб кој го држи мостот околу 1:30 часот утринава по американско време, објави Асошиетед прес.
Низ фотографии: Се урна мост во Балтимор

1
Поглед кон товарниот брод наречен Дали, кој удри во мостот Френсис Скот Ки, по што мостот се урна во Балтимор, Мериленд, САД, 26 март 2024 година.

2
Повреден морнар од товарниот брод Дали го внесуваат во амбулантно возило, откако се симнал од бродот, по падот на мостот Френсис Скот Ки, во Балтимор, 26 март 2024 година.

3
Челичната рамка на мостот Френсис Скот Ки над товарниот брод откако бродот удрил во мостот во Балтимор, 26 март 2024 година. Поради уривањето на мостот повеќе возила и до 20 луѓе паднале во водата.

4
Секретарот за транспорт во Мериленд Пол Џ. Видефелд работи во близина на местото каде што товарен брод удри во мостот Френсис Скот Ки, 26 март 2024 година, во Балтимор, Мериленд, САД.