Линкови за пристапност

Нисан ќе повлече 150.000 возила поради несоодветна инспекција


Компанијата Нисан најави дека ќе повлече околу 150.000 возила продадени во Јапонија, како резултат на несоодветна инспекција.

Одлуката опфаќа најмалку десет модели, вклучувајќи ги електронските возила „Ноут“ и „Лиф“, како и „Марч“ и „Кјуб“ произведени меѓу ноември 2017-та и октомври 2018-та година.

Нисан беше принудена да повлече повеќе од еден милион возила минатата година откако призна дека неквалификувани работници ги направиле крајните инспекции на некои коли, пред да бидат испратени во продавниците низ Јапонија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG