Линкови за пристапност

Ништо не е направено незаконски, рече Трамп


Еден од адвокатите на Трамп, во кратки коментари по сослушувањето, рече дека обвиненијата сигнализираат оти владеењето на правото во САД е „мртво“
Еден од адвокатите на Трамп, во кратки коментари по сослушувањето, рече дека обвиненијата сигнализираат оти владеењето на правото во САД е „мртво“

Поранешниот претседател на САД Доналд Трамп се изјасни за невин пред сојузниот суд во Њујорк по обвинението од 34 точки, во кое се товари за фалсификување деловни досиеја во насока на неодредено кривично дело – опишано од обвинителите како обид да се сокрие уплатата на порноактерка со цел да му помогне да ја добие претседателската функција во 2016 година.

Во првиот криминален случај против сегашен или поранешен претседател на САД, окружниот обвинител на Менхетн Алвин Брег, во „збир на факти“ што го придружуваа обвинението, обвини дека Трамп „постојано и со измама ги фалсификувал деловните досиеја во Њујорк за да прикрие криминално однесување на прикривање штетни информации од гласачката јавност за време на претседателските избори во 2016 година“.

Како дел од планот, според придружната изјава, Трамп наводно организирал исплата на 130.000 американски долари на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс непосредно пред изборите за да ја замолчи за нејзиното тврдење за средба со Трамп за една ноќ деценија порано. Трамп долго време ја негираше сексуалната врска, но не и плаќањето.

На својата страница Truth Social, Трамп рече дека „ништо не е направено незаконски и дека Брег нема „никаков случај“ против него.

Трамп, неговите адвокати и многу републиканци тврдат дека Брег, избран демократски обвинител, се вклучува во „политички лов на вештерки“.

Еден од адвокатите на Трамп, во кратки коментари по сослушувањето, рече дека обвиненијата сигнализираат дека владеењето на правото е „мртво“ во САД.

XS
SM
MD
LG