Линкови за пристапност

Нови средби за името во Њујорк


Продолжување на дијалогот од Атина и Скопје: посредникот Метју Нимиц со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски
Продолжување на дијалогот од Атина и Скопје: посредникот Метју Нимиц со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски

Нимиц ќе се сретне со Јолевски и Василакис на 29-ти и 30-ти јануари, најпрвин одвоено, а потоа и на заедничка средба.

Нимиц закажа средба со преговарачите во Њујорк на 29-ти и 30-ти јануари. Според кусото соопштение на ОН, посредникот во преговорите за спорот околу името ги повикал амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис најпрвин на одвоени, а потоа и на заедничка средба во седиштето на светската организација. Средбите претставуваат продолжување на дискусијата за време на посетите на Нимиц на Атина и Скопје од 9-ти до 11-ти јануари, стои во соопштението.
XS
SM
MD
LG