Линкови за пристапност

Ники Минаж објави нов датум за концертот во Манчестер


Ники Минаж објави нов датум за концертот во Манчестер
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:41 0:00

Американската раперка Ники Минаж објави нов датум за концерт во Манчестер, В. Британија, откако нејзиното закажано шоу во градот беше откажано во сабота (25 мај). Настапот беше откажан во последен момент откако Минаж рече дека полицијата ја држела на аеродромот Шипхол во Амстердам.

Американската раперка Ники Минаж објави нов датум за концерт во Манчестер, В. Британија, откако нејзиното закажано шоу во градот беше откажано во сабота (25 мај).

Настапот беше откажан во последен момент откако Минаж рече дека полицијата ја држела на аеродромот Шипхол во Амстердам под обвинение за поседување лесни дроги.

Таа на социјалната мрежа „Х“ во понеделникот (27 мај), објави: „3-ти јуни е новиот официјален датум за сите кои имаат билети за првичното шоу во #Манчестер на 25 мај.

Минаж беше приведена неколку часа пред да започне саботниот настап во живо, а навивачите беа видени како го напуштаат местото во Манчестер.

Холандската воена полиција потврди дека 41-годишна Американка била приведена поради поседување лесни дроги во саботата, додавајќи дека е забрането да се изнесуваат такви супстанции од Холандија.

Полицијата не го идентификуваше осомниченото лице, но во подоцнежна објава на платформата на социјалните мрежи „Х“ рече дека жената била казнета и пуштена.

Во нејзината неодамнешна објава на X, како и извинување за „сите непријатности“, Минаж на обожавателите им рече дека презакажаното шоу следната недела ќе биде „навистина посебно“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG