Линкови за пристапност

Расте бесот кај родителите на киднапираните девојчиња во Нигерија


Во најнов напад на милитантите на Боко Харам, од училиште се киднапирани околу 100 девојчиња

Се зголемува бесот и загриженоста меѓу родителите во северна Нигерија, кои велат дека околу 100 од нивните ќерки по нападот на милитантите на Боко Харам, сè уште се водат за исчезнати

Владини претставници во државата Јобе, рекоа дека 50-тина девојчиња и натаму се исчезнати по нападот во селото Дапчи во понеделникот.

Регионалната полиција и Министерството за образование првично негираа дека учениците биле киднапирани и дека откако побегнале од нападот, наводно криеле во грмушка.

Нигериските власти честопати ја намалуваат важноста на ваквите инциденти.

Нигериската војска во средата тврдеше дека спасила 76 девојчиња, но гувернерот на државата Јоби, во четвртокот го посети училиштето каде нападнале милитантите и на родителите им го кажа спротивното од тврдењето на нигериската армија - дека ниту едно девојче не било спасено.

Светот беше запрепастен кога паравојската пред речиси четири години киднапираше 276 девојчиња од училиште во во Чибок.

Веста предизвика бес во јавноста, по што беше формирано движењето „Вратете ги нашите девојчиња“. Четири години подоцна, преку 100 од тие девојчиња и натаму се водат за исчезнати.

По бунтот на Боко Харам во 2009-та година, убиени се преку 20.000 лица, а 2 милиона други беа принудени да ги напуштат своите домови во североисточна Нигерија, најнаселената држава во Африка.

Овие милитанти го користи киднапирањето како оружје во војна, одземајќи илјадници жени и млади девојки, како и момчиња и мажи кои ги присилува да учествуваат во воени активности.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG