Линкови за пристапност

Уморни од вести, покажува ново истражување на центарот „Пју“ во Вашингтон


Речиси 70 проценти од граѓаните во САД, изјавиле дека се чувствуваат уморни од обемот на информации кои ги добиваат на телевизиските мрежи, интернет и на социјалните медиуми, открива најновото истражување на центарот „Пју“ во Вашингтон.

Околу 30 отсто од граѓаните се изјасниле дека им се допаѓа големиот број информации до кои имаат пристап во секое време.

Според истражувањето, и демократите и републиканците, почувствувале замор од вести, но републиканците и нивните поддржувачи биле поотворени да го изразат чувството на исцрпеност или 77 отсто од нив, во споредба со 61 процент од демократите.

Само 17 проценти од испитаниците рекле дека националните медиумски организации се добри во информирање на јавноста.

Речиси четвртина од луѓето кои учествувале во анкетата одговориле дека биле недоволно информирани, или воопшто не биле информирани за најважните национални теми на денот.

73 отсто од белците рекле дека биле уморни од дневните вести, за разлика од 55 проценти од Латиноамериканците и Афроамериканците, кои одговориле исто на ова прашање.

Според истражувањето, жените се попогодени од обемот на вести за разлика од мажите, или 71 наспроти 64 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG