Линкови за пристапност

Градоначалникот Блумберг: Њујорк имаше среќа што автомобилот-бомба не експлодира



Властите во Њујорк прегледуваат снимки од безбедносни камери и испитуваат друг доказен материјал, обидувајќи се да дознаат кој се обиде да активира автомобил-бомба во срцето на градот, на плоштадот Тајмс (Тајмс сквер).

Полицијата евакуаираше илјадници туристи и посетители на театрите во овој дел на градот саботата навечер, откако уличен продавач на маици забележал сомнително возило и веднаш ги алармирал полицајците.

Градоначалникот Мајкл Блумберг кажа дека спортското возило Нисан патфајндер со зелена боја содржело три контејнери со пропан, петарди, два контејнера со бензин од по 20 литра и два часовника со батерии. Направата, според Блумберг, изгледала „аматерска“, но можела да причини „мошне смртоносен случај“ доколку експлодирала.

Портпаролот на полицијата Пол Браун изјави дека навидум започнала детонацијата, но дека дошло до ефект.

Експерти за експлозив го отстранија возилото и полицијата по неколку часови повторно го отвори Тајмс сквер.

Блумберг рече и дека властите не знаат кој ја поставил бомбата и зошто. Секретарката за домашна безбедност Џенет Наполитано, пак, изјави дека инцидентот се третира како можен чин на тероризам. Истрагата ги следи назнаките како отпечатоците на прсти и евентуалната снимка на возилото од претходната вечер.

Тајмс сквер е една од главните атракции на Њујорк, со театри и ресторани што привлекуваат милиони туристи во текот на целата година.

Владиниот оддел за домашна безбедост не го зголеми националното нивото на опасност од терористички напади по инцидентот.

XS
SM
MD
LG