Линкови за пристапност

Поздравена Новата година


Австралија и други азиско-пацифички држави беа првите кои ја пречекаа 2013-та.

Гигантски огномет го осветли пристаништето во Сиднеј кога Австралија и други азиско-пацифички нации станаа првите кои ја поздравија новата година.

Се проценува дека 1,5 милиони луѓе биле собрани на сиднејското пристаниште во топла летна ноќ да го видат огнометот од 6,9 милиони долари, со некои кои кампираа таму поголем дел од денот да си обезбедат добар поглед на претставата.

Во Јапонија, будисти со ѕвоното на токискиот храм Асакуса го означија почетокот на годината на традиционален начин.

Десетици илјади луѓе се собраа во Хонг Конг на двете страни на градското пристаниште за прва од овој вид прослава на Новата година, со пиротехника лансирана од вода и од околните облакодери.

Властите во индонезискиот главен град Џакарта, затворија голем автопат за сообраќај за да направат пат за голем карневал и свеченост на 16 бини.

Најголемиот град во Бурма, Рангун, за прв пат организираше новогодишна прослава во време кога државата излегува од децении долгото диктаторство кое забрануваше јавни собири.

На Филипините прославата беше зелумно задушена заради опустошувањето што го остави зад себе тајфунот на почетокот на декември, кој уби над илјада луѓе.

Многу хотели и барови во Индија ја намалија или откажаа прославата за новогодишната ноќ заради смртта на жената во саботата, која подлегна на повредите од силување во Њу Делхи, брутален инцидент што ја шокираше нацијата.
XS
SM
MD
LG