Линкови за пристапност

Невладините бараат повлекување на законските измени за Коридорите 8 и 10д


Владата, како доверлив, го класифицираше договорот со „Бехтел-Енка“ зашто тоа го побарал овој конзорциум кој за нешто повеќе од 4 и пол години треба да изгради 4 автопатски делници во должина од околу 110 километри.
Владата, како доверлив, го класифицираше договорот со „Бехтел-Енка“ зашто тоа го побарал овој конзорциум кој за нешто повеќе од 4 и пол години треба да изгради 4 автопатски делници во должина од околу 110 километри.

Повлекување на сите законски измени поврзани со реализација на договорот за изградба на автопатите – тоа е клучното барање на граѓанскиот сектор околу „Коридорите 8 и 10д“ проектот кој, со специјален закон, го доби американско-турскиот конзорциум „Бехтел-Енка“. Она што владата и парламентарното мнозинство го нарекуваат „инфраструктурен проект на столетието“, за невладините организации претставува потенцијална опасност да биде една од најголемите коруптивни зделки. Проблемот, прво го детектираат во фактот дека со посебен закон донесен во Собранието е заобиколен законот за јавни набавки и проект тежок 1,3 милијарди евра директно е доделен на еден економски оператор. Тоа е спротивно на светските практики, велат од Институтот за демократија.

„Секое носење на специјални закони само по себе е потенцијал за корупција бидејќи на посебен начин, со исклучок, се уредуваат работи кои и онака се уредени со општ закон. Со специјалниот закон беше заобиколен законот за јавни набавки. Сега со исклучоци во овие закони за кои зборував се предвидуваат исклучоци и тоа само по себе е ризик за корупција. Зассега зборуваме за ризици од корупција, но светската пракса укажува дека треба да се избегнуваат специјални закони“, изјави Миша Поповиќ од Институт за демократија.

Втор проблем е и фактот дека од минатата седмица во собраниска процедура влегоа измени и дополнувања на 8 закони – за земјоделско земјиште, за експропријација, за урбанистичко планирање, за минерални суровини, за работни односи, за шуми и за градење, со кои се овозможуваат низа поволности за изведувачот, а сето тоа се прави набрзина и покрај реакциите и на опозицијата, но и на јавноста.

„Во однос на законот за урбанистичко планирање и законот за градба кои предвидуваат градење само со урбанистички проект можно е заобиколување на институциите за заштита за културно наследство кои ќе немаат увид во градењето на овој објект“, вели Орданче Петров од македонско археолошко друштво.

Дел од предложените измени на законите, како оној за работни односи кои предвидуваат зголемување на работната недела, опозицијата ги блокираше со илјадници измени. Премиерот најавува дека нема да се повлечат.

„Целта на овие измени е со цел што побрзо градење на коридорите. Пратениците се тие кои го донесоа специјалниот закон за стратешки партнер, а владата беше задолжена да ги донесе сите постапки. Определбата на оваа влада е проектот да биде направен во интерес на граѓаните“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Владата, како доверлив, го класифицираше договорот со „Бехтел-Енка“ зашто тоа го побарал овој конзорциум кој за нешто повеќе од 4 и пол години треба да изгради 4 автопатски делници во должина од околу 110 километри. Контроверзноста на потегот за класифицирање, се дополни и со сознанието дека за ваквиот чекор немало целосна согласност ниту во самата влада – вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска, изјави дека договорот не треба да се крие зашто станува збор за проект од национален интерес. Според она што и се презентира на јавноста овој проект ќе чини 1,3 милијарди евра, но со можност цената да биде и повисока.

XS
SM
MD
LG