Линкови за пристапност

Камен темелник за контроверзниот проект Коридор 8


Настанот треба да го означи стартот на проектот проценет околу 1,3 милијарди евра, пари на граѓаните со кои треба да е изградат с4 автопатски делници во должина од 110 километри
Настанот треба да го означи стартот на проектот проценет околу 1,3 милијарди евра, пари на граѓаните со кои треба да е изградат с4 автопатски делници во должина од 110 километри

Собран целиот владин врв и лидерите на владејачкото мнозинство, амбасадори, многу фотографирање, охрабрувачки говори, но ниту една лопата или почеток на градежни работи за тоа што беше најавено како „поставување на камен темелник на проектот Коридор 8"... Беше само откриена табла...

За денешниот настан беше подигната огромна натстрешница за да ги собере сите гости, а сообраќајот на автопатот Тетово-Гостивар беше привремено пренасочен, се со цел да му се даде големо внимание на почетокот на, како што од владата често го нарекуваат, најголемиот инфраструктрен проект во земјава. Дел од владинити претставници облекоа дури и наменски подготвени маици.

Настанот треба да го означи стартот на проектот проценет околу 1,3 милијарди евра, пари на граѓаните со кои треба да е изградат с4 автопатски делници во должина од 110 километри - три во западниот дел од земјата – коридор 8, а четвртата, коридор 10д, меѓу Прилеп и Битола.

Камен темелник за контроверзниот проект Коридор 8
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00

„Камен-темелникот на Коридорот 8 не е само почеток на нова патна инфраструктура, тоа е камен-темелник и на нови инвестиции – отворање на нови пазари, можности за нови соработки како помеѓу домашните така и со меѓународните компании. Денешниот настан е почеток на сериозен и стратешки и државнички подвиг чија придобивка и благодет ќе ја гледаат сегашните и идните генерации на нашата земја, но и на двете наши соседни земји кон исток и кон запад кои ги поврзува Коридорот 8 и на сите кои ќе минуваат низ него. Со геостратешката позиција и Коридор 8 ние стануваме неизбежна транспортна рута како во регионот, така и пошироко“, рече Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Зделката за проектирање и изградба ја доби Бехтел-Енка, американско-турски конзорциум. Уште во 2021 година Собранието, по скратена постапка, донесе закон за изградба на автопати без распишување тендер. Целата процедура беше завршена минатиот месец.

„Ова е инвестиција во иднината на Северна Македонија и на сите земји поврзани со Коридорот 8 и пошироко. Подобрувањето на патиштата во Северна Македонија е од исклучително значење за економскиот развој. Развојот на оваа модерна патна мрежа ќе помогне да се движат луѓето, да се движат стоките и да се привлечат инвестиции. Добрите транспортни рути како Коридор 8 ќе и помогнат на Северна Македонија да ја подобри својата регионална интеграција и да изгради подобри односи со своите соседи“, рече Анџела Агелер, Амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Целиот проект, уште од самиот почеток, го следат стравувања за можна корупција. Проблематичен е и изборот на конзорцимуот предводен од „ИРД инженеринг“ кој треба да го врши надзорот на изградбата. Медиумски истражувања покажаа низа недоследности во документацијата кај дел од компаниите од овој конзорциум чија главна задача треба да биде да внимава како се трошат парите на граѓаните во изградбата на автопатите.

„Па јас очекував да тие, надлежните кои што се за оној криминален тендер за надзорот и супервизијата денес да даваат исказ во обвинителство, ама очигледно дека тие имале други планови, но ќе дојде денот кога и исказ ќе дадат, верувајте. Бидејќи да се потрошат 30 милиони народни пари, да се фрлат во ветер во компанија која што има сомнителен капитал од истокот, а чиј што подизведувач главно и основна дејност му е производство на долен веш, навистина претставува премногу. Денеска еден ден ќе дојде јас ви ветувам, ќе дојде тој ден кога овие луѓе ќе даваат исказ пред јавен обвинител“, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Минатата недела Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, по допрен глас, отвори предмет за изборот за надзор на изградбата на автопатите. Претходно, тоа го направи и Антикорпциската комисија. Сепак, тоа не го попречи денешното, како што организаторите го нарекоа, поставување камен темелник.

XS
SM
MD
LG