Линкови за пристапност

Неважечки пасош – сè уште проблем за Македонците кои работат на бродови


Марио Маневски за Гласот на Америка зборува од Карибите за проблемот со пасошите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:34 0:00

Марио Маневски за Гласот на Америка зборува од Карибите за проблемот со пасошите

Марио Маневски за Гласот на Америка на македонски вели дека е еден од стотина Македонци со истиот проблем

Продолжуваат проблемите на македонски граѓани кои работат на некои од крузерите ширум светот. Поради новонастанатата ситуацијата со патните исправи, тие се заглавени среде океани и не можат да се вратат дома. Потребни им се патни листови, кои ги издаваат македонските дипломатски претставништва, но поради оддалеченоста, велат, тешко се стигнува до нив. Таков е и случајот и со Марио Маневски, кој зборува за Гласот на Америка.

„Моментално сум на брод низ Карибите. Бродот минува низ земјите на централна Америка и САД и сум еден од неколкуте кои се соочуваат со последиците од новата законска регулатива, која наложува пасошите со старото име на земјата да станат неважечки. Предизвикот доаѓа од практичните импликации на оваа регулатива, особено за граѓани како мене, кои се географски оддалечени од амбасадите“, вели за Гласот на Америка на македонски Марио Маневски кој работи на крузер.

Тој вели дека е во контакт со неколку конзуларни претставништва, меѓу кои и Њу Џерси, од каде му понудиле да му помогнат ако отиде кај нив лично.

„Меѓутоа одењето до Њу Џерси би значело генерирање на трошоци за лични карти и за хотелско сместување, отсуство од работа и слично. Би сакал да им се заблагодарам затоа што понудија алтернативно решение да ни овозможат да им пратиме документи по пошта. Но, еден од условите беа тие документи да бидат заверени на нотар. Од тука се поставува прашањето, како јас со неважечки пасош да одам на нотар, и како можам да верификувам документ на нотар со невалидна идентификација“.

Маневски има предлог за Министерството за надворешни работи:

„Мислам дека се би се решил проблемот со онлајн аплицирање за патни листови. И со тоа би се елиминирале непотребните бариери и би се обезбедила ефикасност за заглавените во бирократските процедури во странство“.

На бродот тој не е единствениот Македонец кој се соочува со истиот проблем.

„На бродот сме тројца Македонци, кои се уште имаме пасош со старото име на државата. Додека според некои информации, кои ги добив и од други колеги на флотата и во други компании, се работи за бројка од 94-95 македонски граѓани кои се соочуваат со истиот проблем. Инаку имаме одличен и ефективен тим, кој што пред неколку недели стапи во контакт со Министерството за надворешни работи, и доби гаранции дека ќе бидеме вратени безбедно дома“.

Заглавен и сѐ уште без решение е и Виктор Настески, кој, исто така, работи на крузер, а за кој минатата недела извести Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG