Линкови за пристапност

Македонец на 12 февруари со крузер пристигнува во Фиџи и не знае како да се врати дома со неважечки пасош


Македонски државјани заглавени среде океани не можат да се вратат пред 12 февруари со старите пасоши
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Македонски државјани заглавени среде океани не можат да се вратат пред 12 февруари со старите пасоши

Виктор Настески кој работи на крузер на 12 февруари ќе пристигне во Фиџи, земја во јужниот дел на Пацификот, која е повеќе од 15 000 километри оддалечена од неговиот дом. На тој ден, Настески пасошот веќе му истекува и тој не знае како ќе може да се врати во својата држава.

Повеќе од 230 македонски државјани, кои што живеат и работат на некои од крузерите ширум светот, се заглавени по морињата и океаните и се соочуваат со опасност да не можат да се вратат назад дома, со старите пасоши до 12 февруари, кога истекува нивната важност.

Зоран Кочоски, директор на компанијата „Коузон“, која посредува при вработување на крузери, вели дека станува збор за сериозен проблем.

„Имајќи во предвид дека тие пловат по океаните и морињата ќе се најдат во една незгодна ситуација да нема каде да аплицираат за добивање на патен лист. Од друга страна компаниите во моментот ги форсираат да се вратат назад пред 12 февруари. Значи голема загуба на финансиски средства, раскинување на работни договори и трошоци за враќање дома. И најмногу од се неизвесност кога ќе можат да извадат нов македонски пасош“, вели Кочоски.

Еден од оние кој не знае како и дали воопшто ќе може да се врати е Виктор Настески. Со него разговаравме додека со бродот каде што работи плови по Тихи океан.

Кој ми гарантира дека нема да ме пуштат на аеродром со овој пасош?
Виктор Настески, вработен на крузер

„На 12 февруари стигнуваме во Фиџи. Пред некој ден добив е-маил од компанијата дека треба да си одам од бродот на 12 февруари. Но и компанијата не знае што да направи. 12 февруари е веќе доцна. Јас ако летам на 12 февруари, треба да летам преку Австралија, Катар, Турција, Белград. И тоа ќе трае скоро 40 часа. Значи и на 13-ти би летал. Кој ми гарантира мене дека некој нема да ме запре на некој аеродром и нема да ме пушти со овој пасош што го имам сега, со Република Македонија“, вели Настески.

Виктор вели дека иако договорот му завршува на 10 ти март, ќе мора да замине порано. Но, како, не знае.

„Моментално сум 15 000 километри од Македонија. Точно во Тихиот океан. Треба да извадиме патен лист за да може да патуваме. Каде да го издавам јас тој патен лист среде Тихиот океан. Дали има некој план за ние што работиме по бродови. Сега сме оставени на цедило и не знаеме дали можеме да патуваме со овој пасош или не. Буквално јас не знам, што да правам во моментот“.

Предлогот до надлежните бил преку онлајн апликација да се регистрираат сите оние кои се засегнати со ова прашање вели Кочоски.

„Државните органи се оглушуваат на барањето на сите нас, кој молиме да се најде одредено решени. Ако тоа го направеа досега ние сигурно досега ќе имавме подетална информација каде се има заглавено Македонци. Лично знам дека има заглавено Македонци кои немаат можност да се вратат пред 12 февруари во Аргентина. Покрај нашите морнари кои се наоѓаат на некои океани, има и група на Македонци, кои се наоѓаат во Африка. Замислете вие да имате некого кој живее на југот на Африка, кој нема како да дојде во Македонија брзо. Јас зборував со наши луѓе кои живеат во Зимбабве, кои немаат намера да се вратат во Македонија, па дури се спремни да го откажат македонското државјанство, вели Кочоски.

Најдобро е вели во наредните три месеци, односно до крајот на мај да се даде простор за транзитирање низ било која држава во светот со старите пасоши, за да може овие луѓе да ги одработат постоечките договори и потоа без проблем да се вратат дома. Претпоставките се вели тој, дека има повеќе од 20 000 Македонци низ цел свет, кои се засегнати со овој проблем. Многу од нив немаат во близина ниту македонско дипломатско претставништво, каде можат да извадат патен лист.

XS
SM
MD
LG