Линкови за пристапност

Нешвил им оддава почит на убиените во масакрот во училиште


Првата дама Џил Бајден го посети Нешвил за да се приклучи на комеморативното бдеење за трите деца и тројцата возрасни убиени при пукање во училиште во понеделникот.

Церемонијата на отворено почна околу 90 минути пред зајдисонце, во јавен парк во центарот на Нешвил, главниот и најголемиот град во сојузната држава Тенеси, неколку милји од местото на масакрот.

Убиените деца беа идентификувани како Евелин Дикхаус, Вилијам Кини и Хали Скрагс, чиј татко е главен свештеник на презвитеријанската црква, каде што е сместено училиштето. Беа убиени и Мајк Хил (61), директорката на училиштето, Кетрин Кунс (60) и заменичка-наставничка Синтија Пик (61).

Напаѓачот, поранешна ученичка од училиштето, идентификувана како Одри Елизабет Хејл (28), беше застрелана до смрт од полицијата неколку минути од почетокот на нападот. Мотивот за убиствата останува неутврден.

Многу граѓани оставија цвеќиња, балони и мечиња од плиш пред вратата на училиштето. Во близина беа поставени шест бели крста, секој украсен со сино срце, името на жртвата и библиски стих.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG