Линкови за пристапност

Нека јадат ружи: Протестен марш во Скопје по повод 8ми Март

Што ќе ни се ружи, кога немаме ни за леб, беше една од пораките што беа упатени од денешниот осмомартовски протестен марш во Скопје, а по повод 8ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Социјална, економска, политичка правда за жените во македонското општество побараа учесниците на денешниот протестен марш во Скопје, што се одржа по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.

Мотото на протестот беше „Нека јадат ружи“, а го организираа повеќе здруженија за родова еднаквост. Меѓу другото, на протестниот марш беа упатени барања и за подобро здравство, подобро судство, како и за еднакви можности и здравствена заштита за жените во сите области и реаони на македонското општество.


Вчитај повеќе

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG