Социјална, економска, политичка правда за жените во македонското општество побараа учесниците на денешниот протестен марш во Скопје, што се одржа по повод 8-ми Март, Меѓународниот ден на жената.
Мотото на протестот беше „Нека јадат ружи“, а го организираа повеќе здруженија за родова еднаквост. Меѓу другото, на протестниот марш беа упатени барања и за подобро здравство, подобро судство, како и за еднакви можности и здравствена заштита за жените во сите области и реаони на македонското општество.
Facebook Forum