Линкови за пристапност

Не поддржуваме напади во Русија, соопшти Белата куќа


Дронови наводно погодиле згради во Москва
Дронови наводно погодиле згради во Москва

САД сè уште собираат информации за извештаите за напади со беспилотни летала во Москва, соопшти Белата куќа, повторувајќи дека Вашингтон не поддржува напади во Русија и е фокусиран на помагање на Украина да ја врати нејзината територија.

„Ги видовме вестите и сè уште собираме информации за тоа што се случи. Општо земено, ние не поддржуваме напади внатре во Русија“, рече портпаролот на Белата куќа во соопштението.

Портпаролот рече дека Вашингтон е „фокусиран да ѝ обезбеди на Украина опрема и обука што ѝ е потребна за да ја врати сопствената суверена територија“, и укажа на руските напади врз Киев, кој во мај беше погоден со беспилотни летала или проектили 17 пати.

Русија соопшти дека украинските беспилотни летала нападнале богати области на Москва во вторникот, гаѓајќи ги областите каде што претседателот Владимир Путин и другата руска елита имаат резиденции.

Според градоначалникот на Москва, во инцидентите се повредени две лица.

Путин рече дека нападот во вторникот е обид да се исплаши и да се испровоцира Русија, и дека воздушната одбрана околу главниот град ќе биде зајакната.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG