Линкови за пристапност

НБА во петок со турнир


Додека професионалните спортски лиги низ целиот свет застанаа со своите активности поради пандемијата на коронавирусот, ѕвездите од НБА ќе продолжат со натпреварување преку видео игри за да ја задржат конкурентноста.

Победникот ќе избере добротворна организација која ќе добие донација од 100.000 американски долари.


Кевин Дурант е еден од 16-те активни играчи што треба да се натпреваруваат на турнирот во НБА2К20, кој ќе започне од петок.

Игрите ќе бидат прикажани на спортската телевизиска мрежа Ес-Пи-Ен, а победникот ќе добие можност да избере добротворна организација која ќе добие донација од 100.000 американски долари.

Меѓу играчите се и Треј Јанг, Хасан Вајтсајд и Донован Мичел.

Дурант и Мичел се меѓу малата група на играчи кои позитивно беа тестирани на вирусот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG