Оклахома тандерс станаа третиот тим во историјата на НБА што победи во четири последователни натпревари во финалето по конференции, откако губеа со 2:0 во серијата - „најдобар од седум“.
Иако имаа предност од дури 15 коша на полувремето, Сан Антонио спурс не успеаја да ја зачуваат предноста до крајот на мечот поради налетот на разиграните Кевин Дурант со 34 и Расел Вестбрук со 25 поени. Тандерс ги совладаа Спурс со 107-99 и по прпват во историјата се пласираа во финалето на НБА.
Вечерва во источната конференција играат
Мајами хит и Бостон селтикс. Натпреварот се игра во Бостон и со евентуална победа, „зелените“ ветерани на чело со Кевин Гарнет, Пол Пирс и Реј Ален би обезбедиле пласман во финалето и можност за одмерување на силите со Оклахома тандерс. Бостон во моментов води против Мајами со 3:2.