Оклахома тандерс е првиот тим кој извојува победа на гостински терен во финалните натпревари од западната и источната конференција на НБА. Ниту 34-те поени на Ману Џинобли не беа доволни да се сопре разиграниот тим од Оклахома Сити, предводен од двоецот Кевин Дурант со 29 и Расел Вестбур со 23 коша. Спурс загубија со 108-106 и сега резултатот е 3:2 за Оклахома, која е домаќин во наредниот меч и со евентуална победа би се пласирала во големото финале.
Вечерва, во финалето на источната конференција играат
Мајами хит – Бостон селтикс. Мечот се игра во Мајами, а резултатот е 2:2.
Вечерва, во финалето на источната конференција играат
Мајами хит – Бостон селтикс. Мечот се игра во Мајами, а резултатот е 2:2.