Линкови за пристапност

Најмалку 19 повредени во воздушен напад на Миколаив


При нападот бил погоденн центарот на градот, а меѓу ранетите има пет деца
При нападот бил погоденн центарот на градот, а меѓу ранетите има пет деца

Официјални лица во јужна Украина денес изјавија дека Русија извршила воздушен напад во текот на ноќта врз пристанишниот град Миколаив, при што биле повредени најмалку 19 лица.

Регионалниот гувернер Виталиј Ким на Телеграм изјави дека воздушниот напад го погодил центарот на градот, а меѓу ранетите има пет деца.

Ким додаде дека две лица се спасени од урнатините.

Олександр Снкевич, градоначалникот на Миколаив, рече дека нападот оштетил најмалку пет високи згради, како и голем број гаражи.

Во Одеса, официјални лица денес рекоа дека во руски напад загинало најмалку едно лице.

Русија повеќепати оваа недела изврѓи воздушни напади врз Одеса и Миколаив.

„Руските терористи продолжуваат со обидите да го уништат животот на нашата земја“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм.

Во меѓувреме, властите инсталирани од Русија на Крим рекоа дека во напад на украинско беспилотно летало загинало едно лице и оштетени биле повеќе административни згради во северозападниот дел на Полуостровот.

Русија го окупираше Крим и го анектираше во 2014 година во потег што не беше признат од меѓународната заедница.

Дел од информациите се од АП, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG