Линкови за пристапност

И Навални се сомнева дека бил отруен во затвор


Дали тие се навистина толку големи идиоти да ве отрујат на место каде тие ќе бидат единствени осомничени, напиша тој на неговата веб страница

Рускиот опозициски активист Алексеј Навални вели дека се согласува со неговите доктор и адвокат оти постои сомнеж дека бил отруен во затвор.

Навални ова го искоментира додека го чека неговото сослушување, откако ја обжали одлуката за 30-дневен притвор за наводно прекршување на законите за протестирање.

Тој е вратен во затвор, откако беше хоспитализиран поради отоци на лицето и осип на кожата, што покрена прашања за појавувањето на ваквите симптоми наеднаш.

„Дали тие се навистина толку големи идиоти да ве отрујат на место каде тие ќе бидат единствени осомничени“, напиша Навални на неговата веб страница.

Тој, исто така, објави фотографија на Твитер, со отечено лице и едно око затворено.

Навални во средата беше осуден на 30 дена затвор поради повикување на неодобрен митинг во саботата во Москва.

За време на протестот, како што објави независна набљудувачка група, биле приведени повеќе од 1.300 луѓе.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG