Линкови за пристапност

Наумоски: Инфлацијата ќе се стабилизира во 2024 година


Наумоски очекува уште едно покачување на референтната каматна стапка за кредитните продукти.
Наумоски очекува уште едно покачување на референтната каматна стапка за кредитните продукти.

Во интервју за Гласот на Америка на македонски, професорот по економија и претставник на првата македонска банкарска академија АБИТ, Синиша Наумоски вели дека и оваа година стапката на инфлацијата ќе биде двоцифрена.

Според него, голем фактор во економската криза е војната во Украина. За да дојде до стабилизирање на економијата тој смета дека единствениот начин е смирување на воените дејствија.

За потенцијалниот ризик за македонските банки по пропаѓањето на 13-тата по големина банка во САД, Наумоски вели дека нема никаков ризик. Тој тоа го темели на фактот што „македонскиот монетарен систем има само 5% побарувања и околу 6,6% обврски со трансферите со меѓународни банки“.

Што се однесува до каматните стапки за кредитните продукти, Наумоски очекува уште едно покачување на референтната каматна стапка – ако се следат постапките на Европската централна банка.

XS
SM
MD
LG