Линкови за пристапност

Трамп до Макрон на Самитот во Лондон: Изјавата за НАТО е непристојна


По интервјуто за „Економист“, Макрон објасни дека НАТО треба да се фокусира на проблеми, кои не се поврзани само со буџетот за одбрана на државите

Претседателот на САД Доналд Трамп го критикуваше францускиот претседател Емануел Макрон, велејќи дека неговата неодамнешна изјава за НАТО е непристојна.

Обраќајки се заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пред почетокот на денешниот Самит во Лондон, Трамп укажа дека францускиот лидер не е во позиција да ја критикува НАТО, ако се земат предвид предизвиците со кои се соочува дома.

„Тоа е тешка изјава во време кога Франција се соочува со проблеми. Погледнете што се случува со жолтите елеци, ова беше тешка година. Не можете да давате вакви изјави за НАТО. Тоа е непочитување“, рече Трамп.

По интервјуто за магазинот „Економист“ минатиот месец, Макрон објасни дека на НАТО и` е потребен момент на освестување, со цел да се фокусира на проблеми кои не се однесуваат само на тоа колку пари годишно двојат државите за одбрана.

Столтенберг рече дека лидерството на Трамп има огромно влијание за овие прашања, додавајќи дека сите лидери треба да преземат напори за контратероризам, контрола на оружјето, како и во односите со Русија и Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG