Северна Македонија почна да имплементира нов систем, поддржан од Програма на НАТО за мир и безбедност, кој има за цел да ја подобри подготвеноста на државата при справување со катастрофи, како лизгање на земјиште и поплави.
Системот ќе им помогне на спасувачите во случај на инцидент брзо и ефективно да споделуваат информации, вклучувајќи податоци за локации или слики преку мобилни телефони.
„Проектот е пример како програмата на НАТО за мир и безбедност ја оправдува политиката на отворена врата, што пак значи помош за државите кои се кандидатки, како Северна Македонија, да можат да придонесат за стабилноста и безбедноста. Тоа е предуслов за членство во Алијансата“, рече помошникот Генерален секретар на НАТО за безбедносни предизвици Антонио Мисироли, за време на неодамнешната посета на Скопје.
Повеќе од 500 официјални лица се тренираат да го користат новиот систем, и сите релевантни јавни тела планираат да го интегрираат и користат овој систем до крајот на 2020.
Во 2017 и 2018 година, државата успешно тестираше систем организиран од Евроатлантскиот координативен центар за справување со катастрофи.
Facebook Forum