Линкови за пристапност

Македонија и Грција треба да имаат план Б, не НАТО


Кремљ ќе биде единствениот победник ако договорот пропадне, рече претседателката на Парламентарното собрание на НАТО

Македонија и Грција треба да имаат план Б, а не НАТО, изјави за Polygraph.info претседателката на Парламентарното собрание на НАТО Раса Јукњавичене.

„Мислам дека двете страни имаат направено грешки, но, сепак има и добар напредок“, рече Јукњавичене, наглсувајќи дека политичарите во Македонија треба да работат на ова прашање.

Таа најави дека ќе се сретне со спикерот на македонскиот Парлемент наскоро во Канада, каде ќе разговара за прашањата за членството на државата во Алијансата.

„Им посакувам успех на граѓаните во Македонија и Грција, и се надевам дека ќе сфатат оти единствената држава која ќе биде победник доколку договорот пропадне, ќе биде Руската федерација, како и Кремљ“, изјави Јукњавичене.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG