Линкови за пристапност

НАТО во 2010-та ја редифинира својата улога и релации


НАТО во 2010-та ја редифинира својата улога и релации
НАТО во 2010-та ја редифинира својата улога и релации

Во 2011-та најстарата армиска алијанса се очекува да продолжи со војната во Авганистан, но и со другиот свој приоритет – кибернетската безбедност.

НАТО го претстави својот нов стратешки концепт во 2010, нагласувајќи ја потребата да се прилагоди на новите предизвици како што е кибернетската безбедност и противракетна одбрана.

Можеби најголемиот успех на НАТО оваа година беше поставување на односот со Русија на нова основа. На самитот во Лисабон во ноември, генералниот секретар Андерс Фог Расмусен објасни како НАТО и Русија ќе работат заедно во Авганистан.

„Русија ќе дозволи повеќе снабдување за НАТО да минува низ руска територија за поддршка на нашата мисија во Авганистан. Ќе ја подобриме и нашата обука на контра-терористички персонал, од Авганистан и од регионот“, рече Расмусен.

Авганистан останува голем приоритет за НАТО. Алијансата таму има илјадници трупи и инвестираше години за спасување на државата.

Мајкл Кларк е директор на Royal United Services Institute, што е лондонска истражувачка организација. Тој вели дека од сега до 2014-2015, Авганистан е главна преокупација за НАТО и како ќе се развиваат работите во Авганистан директно ќе се припишува на НАТО.

Разликите во врска со експанзијата на НАТО беа пречка за односите на алијансата со Русија. Засега, проширувањето е запрено, и во Лисабон, НАТО ја покани Русија да се приклучи на изградбата на штитот за противракетна одбрана. Расмусен беше оптимист:

„За прв пат во историјата, државите на НАТО и Русија ќе соработуваат во сопствената одбрана. Нашите граѓани во Европа ќе ја споделат зајакнатата безбедност што е без преседан“.

Но, на неговото годишно обраќање до нацијата,во декември, рускиот претседател Медведев предупреди дека ќе има нова трка за вооружување доколку Русија не чувствува дека е еднаков партнер со Европа и со САД во ракетната одбрана.

Друга грижа за НАТО е безбедноста на кибернетскиот простор. Кларк вели дека НАТО мора да се справи со нешто од нивното соседство и мора да биде поагилно во решавањето за тоа каде да го стави фокусот на силите и своите напори.

Во декември, Барак Обама вака зборуваше за Авганистан:

„На многу места успесите се кревки и нестабилни, но нема дилеми за тоа дека расчистуваме многу области од талебанска контрола и дека повеќе Авганистанци ја преземаат контролата во нивните заедници“.

Како што привршува годината, кревкоста на тие успеси е евидентна во Авганистан, каде силите продолжуваат да се борат со милитантите. Обуката на авганистански сили за преземање на нивната сопствена држава е во срцевината на стратегијата на НАТО за напуштање на Авганистан.

XS
SM
MD
LG