Таканареченото „Засолниште на пустината“ е последно место каде малолетните мигранти може да најдат топол оброк и можност за комуникација, пред да се обидат да влезат во САД, легално или на друг начин.
Ова место, исто така, е и прва станица каде многумина доаѓаат, по нивното депортирање.
Моника Оропеза Родригез е сведок дека поставувањето патроли на Националната гарда во Долна Калифорнија, Мексико, што претставува мигрантско засолниште за оние што ја поминуваат границата, е пракса во последните три администрации на САД.
„И покрај тоа, луѓето доаѓаат повторно и повторно“, изјави Родригез за Гласот на Америка.
Во овој момент, 1.000 трупи на Националната гарда се поставени долж 3.000 километри долгата граница меѓу САД и Мексико, со цел да одговорат на, како што вели Трамп, кризата на безвластие.
„Немаме претстава што доаѓа од регионите, кои во моментот немаме начин соодветно и адекватно да ги провериме“, изјави Кирстен Нилсен, секретар на Одделот за домашна безбедност, нгалсувајќи дека за неа ова пртставува дефиниција за криза.
Таа изјави дека бројот на апсења на југозападната граница бил зголемен за 200 проценти, во споредба со ова време минатата година.
Но, приказната е различна од година в година. Вкупниот број на апсења во 2017-та година оппаднал, за што претседателот Доналд Трамп си зема заслуга.
Тој, на неговиот Твитер профил напиша дека ситуацијата се` уште е неприфатлива.
Иако претседателот побара поставување на 4.000 трупи, гувернерите на четирите погранични сојузни држави - Калифорнија, Аризона, Њу Мексико и Тексас, досега имаат обезбедено само една четвртина од таа бројка.
Меѓу трупите се и жители од пограничниот регион, кои работат полно работно време на други работни места, како полицајци и учители.
Гардата може да биде вооружена само во лимитирани услови за самоодбрана, иако Родригез вели дека нејзиното присуство на границата е тажна слика.
„Не сме во војна. Наводно сме партнерски држави, нели?“, рече таа, сметајќи дека овие патроли ќе предизикаат спротивен ефект од посакуваниот.
Facebook Forum