Линкови за пристапност

Насилни банди го контролираат поголемиот дел од главниот град на Хаити


Насилни банди го контролираат поголемиот дел од главниот град на Хаити
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

Со насилните банди кои го контролираат поголемиот дел од главниот град на Хаити, Порт-о-Пренс, повиците за формална мировна мисија на ОН растат. Премиерот на земјата вели дека сегашните меѓународни напори немаат ресурси за соочување со бандите. Селија Мендоза известува од OН во Њујорк.

Мултинационалната безбедносна мисија за поддршка во соработка со ОН обезбеди на Хаити 400 полицајци од Кенија, десетина полицајци и војници од Јамајка и двајца високи воени офицери од Белизе. Но, тоа е само дел од вкупно 3.100 војници што ги вети групата од десеттина земји. Премиерот на Хаити, Гари Конил вели дека напорите за борба против насилството на бандите пропаѓаат.

„Се додека сè уште имаме луѓе во камповите, додека Хаиќаните не можат да одат на север или на југ, и додека имам над 40 населби контролирани од банди, никогаш нема да бидам задоволен со ништо. Мораме да направиме подобро“, рече премиерот на Хаити.

Конил разговараше со Гласот на Америка на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, по зголемената загриженост поради недостигот на ресурси и пари за финансирање на фондот на мисијата на ОН и хуманитарниот план. Едногодишниот мандат на мисијата на ОН истекува на почетокот на октомври.

„Нашите партнери мора да се движат побрзо. Чувството на итност мора да го почувствува секој. Се работи за животите на луѓето. Станува збор за земја во моментов која ги губи своите средства. Нејзината иднина е компромитирана“, додаде тој.

САД ги предводеа меѓународните напори да му помогнат на Хаити по атентатот во јули 2021 година на претседателот Џовенел Мојсе, и се залагаат за спроведување на нова мировна мисија на ОН во Хаити.

„Она што сакаме да го направиме е да создадеме систем за финансирање кој е јасен и предвидлив. Тоа ќе и даде на мисијата на Хаити способност да одговори на потребите на народот на Хаити. САД придонесоа досега со повеќе од 365 милиони долари за мисијата и ние ќе ја зголемиме нашата поддршка“, рекоа од Стејт департмент.

Последната мировна мисија на ОН беше од 2004 до 2017 година. Таа помогна во одржувањето на безбедноста, но исто така беше одговорна за носење колера на островот и се соочи со стотици обвинувања за сексуален напад. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека наредната мисија е последно средство.

„Сакаме сите финансиски да ги поддржат мултинационалните безбедносни сили за поддршка. И, не само тоа. Мислам дека генералниот секретар веќе зборуваше за прашањето за зачувување на мирот, и се разбира, тој е многу јасен дека, пред сè, треба да има согласност и поддршка од владата на Хаити, и се разбира, доколку Советот за безбедност одлучи да се движи во таа насока, генералниот секретар ќе направи како што ќе биде побарано“, велат од ОН.

Повиците за акција растат во регионот.

Советот за безбедност на ОН треба да гласа на 30 септември дали да го обнови мандатот на сегашната мисија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG