Најсилен циклон за последнава деценија ги погоди Индија и Бангладеш
Досега загинаа најмалку 72-ца, а уништени се илјадници домови. Над милион луѓе се без електрична енергија. Властите евакуирале речиси три милиони луѓе пред невремето, во потег за кој велат дека спасил многу животи.