Линкови за пристапност

Најмладите американски гласачи се од генерацијата „Z“: Какви се нивните очекувања од кандидатите?


На претседателските избори во САД на 5 ноември првпат ќе се појават гласачи и на возраст од 18 до 27 години - тоа се припадниците на т.н. Генерација „Z“
На претседателските избори во САД на 5 ноември првпат ќе се појават гласачи и на возраст од 18 до 27 години - тоа се припадниците на т.н. Генерација „Z“

Најмладите гласачи кои учествуваат на претседателските избори во САД се нарекуваат генерација „Z“. Тие се на возраст од приближно 18 до 27 години. Од учење како да гласаат, до барање поддршка од врата до врата, многумина се дел од граѓанскиот процес на гласање. Известува Лорел Бауман.

Студентските лидери на колеџот Монтгомери во Роквил, Мериленд, неодамна поставија симулирана гласачка кабина, со примероци од гласачките ливчиња и ги поканија изборните лица да спроведат едукација на гласачите. Тоа е обид да се подготват студентите да гласаат на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Денешниот настан беше едукација на гласачите и можност да ги видат и што да очекуваат на гласачките места“, објаснува Бритни Грин, организаторка на настанот.

Дојде ред и генерацијата „Z“ да избира претседател на САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00

На учесниците како Ахјан Даманг им се допадна искуството.

„Сакав да видам какво е чувството да гласам прв пат. Ова е мојот прв пат да гласам за претседателски избори и сакав да ја видам процедурата“, вели Акјан Даманг, студент.

Најважни ми се финансиски прашања со долгот на државата - навистина не разбирам многу од тоа, но изгледа голема бројка
Намди Ифејука, студентка

„Најважни ми се финансиски прашања со долгот на државата. Јас навистина не разбирам многу од тоа, но изгледа голема бројка. Не разбирам, зошто задолженоста е толку висока“, вели Намди Ифејука, студентка.

„Климатските промени се важни, но и репродуктивните права“, вели Либи Мекклејтон, организаторка на симулацијата со гласањето.

Во претседателската трка во САД меѓу републиканецот Доналд Трамп и демократката Камала Харис, повеќето студенти што ги интервјуиравме не открија за кого ќе гласаат.

Но, сојузната држава Мериленд, упориште за демократите, се очекува да гласа за Харис.

Политичките табори бараат начин да дојдат до секој можен глас на изборите
Политичките табори бараат начин да дојдат до секој можен глас на изборите

Затоа, ја прашавме лидерката на млади републиканци од Џорџија, Жаклин Харн, кои прашања се важни за нејзините републикански врсници. За многумина, рече таа, најважна е економијата.

„Домувањето, инфлацијата со цените на намирниците и цените на бензинот што постојано се зголемуваат се голем проблеми во секојдневието“, вели Харн.

Нема да стасате до гласач од Генерацијата „Z“ со телефонски повик затоа што тие веројатно имаат блокирач за политички пораки
Жаклин Харн, лидерка на млади републиканци од Џорџија

И како кампањите може да допрат до младите гласачи?

„Нема да стасате до гласач од Генерацијата З со телефонски повик затоа што тие веројатно имаат блокирач за рекламни платени политички пораки на нивниот телефон или едноставно нема да одговорат на број што не го знаат. Ние сме генерација на социјалните медиуми. Сè што гледаме е на социјалните мрежи. Ги добиваме нашите вести преку социјалните мрежи“, додава Харн.

Инфлуенсерот на социјалните мрежи Хари Сисон се согласува.

„Би рекол дека првенствено главната апликација за вести за младите е веројатно TikTok. Тоа е мојата главна платформа. Многу од сегментите на вести што ги гледате на TikTok се од 30 до 60 секунди“, посочува Сисон.

Во меѓувреме, во Херндон, Вирџинија, поддржувачот на Камала Харис, Камила Алфонзо Меза оди од куќа до куќа обидувајќи се да ги охрабри луѓето да гласаат. Тие не секогаш ја отвораат вратата, но таа не отстапува од мисијата.

Вели дека Харис што го замени претседателот Џо Бајден во претседателската трка е охрабрувачки за младите демократи.

„Видов голема промена во енергијата и ентузијазмот откако потпретседателката стана номинирана од Демократите“, вели Алфонзо.

Камила Алфонзо Меза смета дека гласачкиот блок од Генерацијата З од над 40 милиони млади луѓе може да направи вистинска разлика на претседателските избори.

XS
SM
MD
LG