Европа се подготвува за потенцијалното враќање на поранешниот претседател Доналд Трамп на власт - дури и кога неговата демократска ривалка, потпретседателката Камала Харис, останува главно непозната за многу Европејци.
Многу виши лидери од ЕУ веруваат дека со гласањето во САД во залог се односите во НАТО, трансатлантското сојузништво до војната на Русија против Украина, трговските односи и иднината на нивните сопствени демократии.
Многу Европејци немаат убави спомени од претседателствувањето на Доналд Трамп.
Во Франција, првично пријателски односи, меѓу претседателот Макрон и неговиот колега од САД Трамп, подоцна се оладија. Тензиите се зголемија околу трговијата, Иран и климатските промени - и наводно трансакцискиот пристап на Трамп кон НАТО.
Ако се врати на власт, Трамп вели дека ќе наметне големи царини за Европа, ќе бара преговарачки крај на руската војна во Украина и ќе ги намали поддршката на САД за Киев - позиции на кои повеќето европски лидери силно се противат.
Никол Бакаран, француски политички аналитичар вели дека „постои чувство дека тој е постар, порадикален и поопасен. Се разбира, тука е прашањето за иднината на Европа, иднината на НАТО, и солидарноста кон Киев, кој се соочува Русија“, коментира овој аналитичар.
Лидерите на Европската унија, наводно, подготвуваат начини да го ублажат потенцијалното влијание на уште едно претседателство на Трамп.
Од друга страна, Трамп сè уште може да смета на некои силни европски поддржувачи.
Унгарецот Виктор Орбан вели дека ќе отвори шампањ доколку победи Трамп.
Националистичките теми на Трамп, строги кон имиграцијата, исто така одекнуваат меѓу популистичките, тврдо-десничарски партии во Европа.
Каролина Санто е португалска државјанка, која живее во Париз.
„Загрижена сум за демократијата, бидејќи ако Трамп победи на овие избори, тоа ќе биде како домино ефект врз Европа“ вели Санто.
Некои аналитичари веруваат дека уште едно претседателство на Трамп може да биде повик за будење за Европа да ја зајакне сопствената воена и економска одбрана - потег што критичарите велат дека блокот требало да го направи пред неколку години.