Објавено во списанието на Националната академија на науките, истражувачите од вашингтонски институтот (за учење и науки за мозокот), велат дека после „серија од неколку сесии со музика“ деветмесечно бебе многу подобро реагира на музика и нови гласовни звуци.
„Нашата студија е прва е прва направена на бебиња која укажува дека соочување со ритмичка шема во музиката може да ја подобри способноста да се открие и предвиди ритмиката во говорот“ вели истражувачката Кристина Жао.
„Ова значи дека раното воведување во музиката можно е да има повеќе ефекти на когнитивните способности“ вели таа.
Истражувачите велат дека музиката и говорот се слични затоа што имаат ритам.
„Децата го доживуваат комплексниот свет во кој звуците, светлата и чувствата постојано варираат“ вели ко-авторката Патриша Кул. „ Работа на бебињата е да ги распознаат активностите и да претпостават што следува. Перцепција е важна когнитивна вештина и подобрувањето на таа способност во раната возраст може да има долгорочни ефекти кај учењето.“
За потребите на студијата, истражувачите имале триесет и девет бебиња кои биде дел од 12-15 минутните сесии на игра со нивните родители. За дваесет бебиња, во сесиите била вклучена музика. За деветнаесет бебиња во друга група немало музика, тие играле со играчки и други објекти.
„На двете групи им дадовме можност за социјализирање, активно да се вклучат и да ги употребуваат своите делови од телото - да се движат за да научат музички ритам“ вели Жао.
После околу една недела одржување на овие сесии на игра, мозоците на бебињата се набљудувани со користење на магнетоцефалограф за да се види „точната локација и времето на активноста на мозокот“.
За време на скенирањето на мозокот, бебињата слушале музика и говор, кои оделе во ритам кој повремено бил нарушен. За време на нарушувањата, истражувачите биле во можност да ја видат активноста во мозокот во моментот кога бебињата го забележувале нарушувањето.
Бебињата од групата со музика, за време на сесиите на игра имале „поизразени активности во мозокот“ за време на нарушувањата од бебињата во другата група.
Истражувачите велат дека „ова покажува оти вклученоста на музика во сесиите за игра ја подобрува способноста на бебињата да ги забележуваат различните звуци.“
„Во училиштата ширум нашата земја се намалуваат музичките искуства за нашите деца, со изговор дека се многу скапи“ вели Кул. „Ова истражување не' потсетува дека ефектите од вклучување на музика оди подалеку од самата музика. Музиката има потенцијал да ги зголеми пошироките когнитивни способности кои ги подобруваат способностите на децата да откријат, очекуваат и реагираат на различните модели во светот, што е многу релевантно за денешниот сложен свет.“