Линкови за пристапност

Ден на мајката


Во САД се прославува од 1850-та година

В недела, многумина Американци ќе го одбележат Денот на мајката.

Славењето на мајките и мајчинството е присутно од многу одамна, а американската верзија има корени уште од 19-от век.

Ен Ривс Џарвис, родум од сојузната држава Западна Вирџинија, имала 11 деца и се поврзува со Работните групи за овој ден во 1850-те години. Целта на овие групи била да им се помогне на болните мајки и нивните деца. За време, и по Граѓанската војна, групите обезбедувале медицинска грижа за повредени војници. По војната, во чест на мајките, Џарвис организирала Пикници за пријателство.

Џарвис починала во 1905-та, но традицијата ја продолжила нејзината ќерка Ана Мари, организирала настани славејќи ги мајките. Карактеристично било што на почетокот на настаните биле носени бројни каранфили, омиленото цвеќе на Ана. Подоцна, каранфилите станале симбол за одбележувањето на Денот на мајката.

Кусо време потоа, благодарение и на финансиската поддршка на бизнисмените Џон Вонамејкер и Ејџ Јеј Хаинц, вакви настани имало низ цела држава. Во 1914-та година претседателот Вудроу Вилсон одлучил Денот на мајката да се прославува на втората недела од месец мај. Со тек на време, исто како и Божиќ, овој ден се преобразил во мошне комерцијализиран празник, со подароци, цвеќиња, картички и секако, бранч.

Ана, како да го предвидела овој момент и своевремено изјавила дека сакала ова да биде ден на сентименталност, а не на профит.

Во 1920-те години, ги повикала луѓето да престанат со купување на цвеќиња и подароци, критикувајќи ги оние кои сакале само да заработат од оваа, како што ја нарече, неверојатна прослава на мајката и нејзиното учество во општеството.

Но, и покрај напорите, комерцијализацијата продолжила, а самата Џарвис изјавила дека овој ден би требало да биде одбележан со посета на нечиј дом или пишување на писмо до мајката или нечија мајка.

Џарвис не се откажала од овие обиди, се` до смртта.

Сепак, само во 2017-та, Американците за Денот на мајката, потрошиле 23 милијарди долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG