Линкови за пристапност

Сатиричниот весник ,,Шарли Ебдо “ повторно ги објави карикатурите со пророкот Мухамед


Со објавувањето целта е да се означи почетокот на судењето на обвинетите во напад на магазинот во 2015 година

Францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на пророкот Мухамед, што предизвикаа бран на гнев во муслиманскиот свет, за да го означи почетокот на судењето на обвинетите во нападот на магазинот во 2015 година.

Меѓу карикатурите, од кои повеќето први ги објави дански весник во 2005 година, а потоа Шарли Ебдо една година подоцна, се наоѓа и една од Мухамед како носи турбан во форма на бомба.

Нападот врз редакцијата на Шарли Ебдо се случи на 7 јануари 2015 година.

Во нападот беа убиени 12 лица, вклучително и некои од најпознатите карикатуристи на весникот, а уште пет лица беа убиени во исламистички напади во Париз.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG