Линкови за пристапност

Американците го слават Денот на Мартин Лутер Кинг


Овој ден стана празник во 1983-та со потписот на тогашниот претседател Роналд Реган.

Американците денес го празнуваат раѓањето на убиениот борец за човекови права Мартин Лутер Кинг јуниор. Овој ден стана празник во 1983-та со потписот на тогашниот претседател Роналд Реган. Во 1994-та Конгресот го означи како ден во служба на заедницата, охрабрувајќи ги Американците да земат учество во проекти од локално значење.

Мартин Лутер Кинг стана проминентна фигура во 1955-та кога го поведе успешниот бојкот на јавниот автобуски превоз во јужниот град Монтгомери, сојузната држава Алабама, принудувајќи ги градските власти да прекинат со праксата на сегрегација на црните патници.

Подоцна тој стана лицето на Движењето за граѓански права во 50-тите и 60-тите, инспирирајќи милиони со неговиот познат говор „Имам сон“ за време на Маршот на Вашингтон, во 1963-та.

Во 1964-та ја доби Нобелова наградаза мир, истата година кога со закон беше ставен крај на сегрегацијата на јавни места, и беше забранета дискриминацијата врз база на расата, бојата на кожата, религијата, полот или националното потекло, што го потпиша претседателот Линдон Џонсон.

Атентатот на Кинг се случи на 4-ти април 1968 во Мемфис, Тенеси, каде беше за да помогне на штрајкувачките работници што го собираат отпадот кои бараа еднаква надница.
XS
SM
MD
LG