Доналд Трамп вели дека е реизбран со „невиден и моќен мандат“ од американските гласачи.
„Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ за извонредната чест да бидам избран за ваш 47-ми претседател и 45-ти претседател. И на секој граѓанин. Ќе се борам за вас, за вашето семејство и вашата иднина. Секој ден ќе се борам за вас. Нема да мирувам додека не ја испорачаме силната, безбедна и просперитетна Америка каква што заслужуваат нашите деца и каква што заслужувате вие“, истакна Трамп после победата на изборите во ноември лани.
Враќањето на Трамп на власт е дел од неговиот стил да не прифати „НЕ“ за одговор.
„Мислам дека она што го гледате во него е некој кој има неверојатна доверба во сопствената интуиција“, вели Рас Бутнер од „Њујорк тајмс“.
Ќе се борам за вас, за вашето семејство и вашата иднина, секој ден ќе се борам за васДоналд Трамп
Рас Бутнер и Сузан Крег се истражувачки новинари на Њујорк тајмс и ко-автори на книгата „Среќен губитник“, не ласкав поглед на тоа како Трамп се обликувал себеси во милијардер што самиот го направил.
„Тој навистина не им верува на луѓето кои имаат експертиза од областа во речиси ништо од раните 80-ти. Тој секогаш ќе ги поништи нивните одлуки, да ги направи работите онака како што тој сака да излезат“, вели Бутнер.
Зградите на Трамп беа испишани со неговото име со големи златни букви, што беше дрзок приказ на неговата амбиција и себе-промоција.
„Тој имаше бизнис од 200 милиони кога имаше интервју што го даде за Њујорк Тајмс, а богатството му се зголеми на милијарда долари кога беше интервјуиран за „60 минути“ една деценија подоцна', додава Сузан Крег.
Трамп беше одличен во привлекувањето на вниманието од јавноста и негувањето на брендот за себе. Заработи милиони со лиценцирање на неговото име.
Но, зад успехот стоеја проблеми. Неговите компании поднесоа барање за стечај шест пати. Неговите казина изгубија пари и беа затворени.
Трамп се врати со неговото реално ТВ-шоу „The Apprentice“, кое доведе до неговата најголема ТВ улога, досега.
„Дами и господа, јас официјално се кандидирам за претседател на Соединетите држави и ќе ја направиме нашата земја повторно голема“, рече Трамп во 2015 година.
Без пардон и нерафиниран, Трамп беше поларизирачки, националистички кандидат.
„Кога Мексико ги испраќа своите луѓе, тие не го испраќаат најдоброто од себе. Тие испраќаат дилери со дрога, криминал, тие се силувачи, а некои, претпоставувам, се добри луѓе“, велеше Трамп во 2015 година.
Како претседател, Трамп назначи тројца судии од Врховниот суд кои помогнаа да се отфрлат федералните права за правото за абортус.
Господ има план за Трамп, тој апсолутно беше поштеден поради некоја цел и причинаПем Смит, поддржувачка на Трамп
На почетокот на 2020 година, пандемијата со Ковид-19 го тестираше Трамп. Тој брзо го следеше развојот на вакцини за спасување животи. Но, тој исто така предложи научниците да ги проучуваат вакцините.
Со над 9 милиони заразени Американци и бројот на над 230.000 починати, гласачите во ноември го избраа Џо Бајден за свој следен претседател.
Откако замина од Белата куќа, Трамп се соочи со повеќе кривични обвиненија ѝ е првиот поранешен претседател кој е осуден престапник. А сепак, тој никогаш не бил попопуларен.
Преживеаните два обиди за атентат минатата година само му ја зацементираа врската со лојалните поддржувачи.
„Господ има план за Трамп. Тој апсолутно беше поштеден поради некоја цел и причина. Се надевам дека ќе стане 47-ми претседател“, вели Пем Смит, поддржувач на Трамп.
Американската политика никогаш не била иста откако Доналд Трамп влезе во политичката арена.
И човекот кој е коавтор на мемоарите „Уметноста на враќањето“ се враќа на власт, како еден од најголемиот политички кам-бек во американската историја.