Линкови за пристапност

Мич Меконел пак гледаше безизразно на јавен настан


Ова е втор ваков инцидент за нешто повеќе од еден месец
Ова е втор ваков инцидент за нешто повеќе од еден месец

Републиканскиот американски сенатор Мич Меконел денес пак гледаше безизразно повеќе од 30 секунди за време на јавен настап пред да биде изведен.

Ова е втор ваков инцидент за нешто повеќе од еден месец.

Меконел (81) одговараше на прашања од новинарите по настанот со Стопанската комора на Кентаки кога почна да гледа безизразно, не одговарајќи на новинарите и другите во близина.

Откако му пријде второ лице, Меконел повторно почна да зборува, но му требаше прашањата на новинарите да му ги повтори помошник и да даде минимален одговор.

Претставниците на Меконел не беа веднаш достапни за коментар.

Инцидентот беше сличен на оној што се случи во Сенатот на крајот на јули, кога Меконел, исто така, гледаше безизразно среде прес-конференција и мораше да биде изведен, враќајќи се неколку минути подоцна за да заврши со прашањата.

XS
SM
MD
LG