Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел, накратко ја напушти својата прес-конференција денес, откако ја прекина својата реченица и гледаше безизразно неколку секунди.
Меконел првично се приближи до говорницата и почна да зборува за годишниот предлог-закон за одбрана за кој рече дека продолжува со „добра двопартиска соработка“.
Но, тој потоа се чинеше дека ги загуби мислите, воздивнувајќи.
Потоа, сенаторот од Кентаки гледаше безизразно околу 20 секунди пред неговите колеги од републиканското раководство, кои стоеја зад него и не можеа да му го видат лицето, го фатија за лакти и го прашаа дали сака да се врати во својата канцеларија.
Тој не одговори, но полека се врати во својата канцеларија со помошникот и сенаторот од Вајоминг Џон Барасо, поранешен ортопедски хирург, трет по ред републиканец во Сенатот.
Откако седна во својата канцеларија неколку минути, Меконел подоцна се врати на прес-конференцијата и одговараше на прашања од печатот.
Запрашан за тоа што се случило, Меконел рече дека е „добар“. Запрашан дали сè уште е способен да ја врши својата работа, тој рече: „Да“.
Меконел (81) беше надвор од Сенатот речиси шест недели претходно оваа година, откако падна и удри со глава.
Неговиот кабинет подоцна соопшти дека доживеал потрес на мозокот и скршеница на реброто.
Неговиот говор неодамна звучеше позабавено, предизвикувајќи прашања кај некои од неговите колеги за неговото здравје.
По прес-конференцијата, Барасо им рече на новинарите дека „сака да се увери дека се` е во ред“ и го одеше Меконел низ ходникот до неговата канцеларија.
Барасо рече дека е загрижен откако Меконел беше повреден претходно оваа година, „и јас продолжувам да бидам загрижен“.
Но, запрашан за неговата посебна загриженост, Барасо рече:
„Реков дека бев загрижен кога тој падна и удри со главата пред неколку месеци и беше хоспитализиран. И мислам дека тој извонредно закрепна, тој одлично ја водеше нашата конференција и беше во можност да одговори на секое прашање што му го постави печатот денес“.
Меконел беше лесно реизбран за уште еден мандат да ја води конференцијата минатата година, и покрај предизвикот од сенаторот од Флорида Рик Скот.
Лидерот на републиканците е еден од неколкуте сенатори кои годинава отсуствуваа поради здравствени проблеми.