Линкови за пристапност

Мич Меконел хоспитализиран, се сопнал во хотел


81-годишниот сенаторот од Кентаки присуствувал на приватна вечера во Вашингтон, кога се сопнал.
81-годишниот сенаторот од Кентаки присуствувал на приватна вечера во Вашингтон, кога се сопнал.

Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел е хоспитализиран откако се сопнал во локален хотел, изјави портпаролот на сенаторот.

81-годишниот сенаторот од Кентаки присуствувал на приватна вечера во Вашингтон, кога се сопнал.

Тој беше примен во болница на лекување, изјави портпаролот Даг Андрес. Канцеларијата на Меконел не даде дополнителни детали за неговата состојба или колку долго може да отсуствува од работата во Сенатот.

Во 2019 година, тој се сопна и падна во својот дом во Кентаки, добивајќи фрактура на рамото.

Тогаш, беше опериран за санирање на скршеницата на рамото. Тој работеше од дома неколку недели додека закрепнуваше.

Првпат избран во 1984 година, Меконел во јануари стана лидер на Сенатот со најдолг стаж кога почна со работа новиот Конгрес, соборувајќи го претходниот рекорд од 16 години.

Меконел честопати не сака да разговара за неговиот приватен живот. Но, на почетокот на кризата Ковид-19 тој се отвори за своето искуство од раното детство во борбата против детска парализа.

Бил под одреден режим на физикална терапија. Тој призна дека има некои тешкотии во зрелоста кога се качува по скали.

Сенатот, каде просечната возраст е 65 години, неодамна имаше седница, без неколку членови поради болест.

XS
SM
MD
LG