Линкови за пристапност

Извештај: Немало пилот во авионот на Малезија ерлајнс при уривањето


Австралиското биро за безбедност во транспортот денеска го објави извештајот, по состанокот на експерти во Сиднеј, каде беше разговарано за евентуална натамошна потрага на авионот.

Според анализи на сателитските податоци, никој не управувал со авионот на Малезија ерлајнс на лет 370, кога во март 2014-та, се урнал во водите на Индискиот Океан со 239 патници.

Австралиското биро за безбедност во транспортот денеска го објави извештајот, по состанокот на експерти во Сиднеј, каде беше разговарано за евентуална натамошна потрага на авионот.

Австралиските истражители веруваат дека авионот најверојатно бил на автопилот пред да снема гориво и да се урне во океанот. Авионот сообраќал на релација Куала Лумпур - Пекинг кога исчезнал од радарот.

Додека неколку делови од авионот се појавија на крајбрежјето околу океанот изминативе две ипол години, точната локација на уривањето на авионот Боинг 777 не е утврдена.

XS
SM
MD
LG